Еден полицаец е убиен, а друг се здобил со сериозни повреди по пукањето при рутинска сообраќајна проверка во Окланд, Нов Зеланд, додека потрагата по осомничениот продолжува. Тоа е првпат од 2009 година да е убиен полицаец на Нов Зеланд.
Премиерката Џасинда Ардерн го оцени убиството на полицаецот како „разорувачки“.
– Ова е шокантна ситуација, ова е најлошата вест што може да ја прими полицијата, рече полицискиот комесар Ендру Костер на денешната прес-конференција.
Потрагата по сторителот продолжува. Во возилото кое било сопрено заради рутинска контрола имало две лица, по што едното лице отворило оган кон полицајците. Пиштолот е опишан како „огнено оружје со долга цевка“.
Другиот полицаец е застрелан во нога и однесен во болница, додека случаен минувач се здобил со полесни повреди кога бил удрен од автомобилот на осомничените.