695
Маж на возраст од 59 години од Кавадарци, позитивен на Ковид-19, во тек на вчерашниот починал во болнички услови. Лицето било сместено на Инфективната клиника во Скопје околу една недела, а според Центар за јавно здравје Кавадарци имало и други хронични болести.
Денес во Кавадарци е регистриран еден случај на корона вирус, кај маж на возраст од 26 години, кој се тестирал поради пројавени симптоми. Тој навел дека не знае како се инфицирал. Исто така, во Неготино има еден нов случај на вирусот денес, станува збор за жена на возраст од 28 години.
И таа се тестирала поради пројавени симптоми, и исто така не навеле податок од каде се инфицирала. Во Кавадарци од почетокот на пандемијата се инфицираа 279 лица, а 61 случај се активни. Во Неготино, бројот на инфицирани е 68, од кои 20 случаи се активни.
Вики Клинчарова