Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.605 тестови, а регистрирани се 312 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција. Регистрирани сe 290 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети.