Еден пациент со ковид заврши во болница

by Фокус

Вкупнo 105 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје е примен само еден нов пациент поради компликации од коронавирусот, со што вкупно 37 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 2 оздравени пациенти. Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 68 пациенти со ковид.

Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Поврзани новости