89
На осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор рано утрово им е одреден притвор. Откако Обвинителството побара притвор за Д.Д. и С.Ј. Вишиот суд во Заечар го одобри. Ним им е одредена мерка притвор од 30 дена.
Осомничените за убиството на Данка Илиќ доцна синоќа беа донесени во Обвинителството со наведнати глави и со лисици.
„Осомничените беа сослушани во обвинителството, при што Д.Д. целосно го призна извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење“, информираат од Обвинителството.