Здравствената состојба на сите седум пациенти кои со повреди здобиени во вчерашната автобуска несреќа се згрижени во болницата „Пирогов“ се во стабилна состојба, а извршени се две операции, изјави д-р Маја Аргирова, началник на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Еден од повредените е во длабок психички шок, изјави таа.
Денеска ќе бидат извршени уште две операции, велат лекарите од болницата „Пирогов“.
„Едниот од пациентите има тешки изгореници на двете раце, поради што ќе мора да се изврши операција, а операција на десното колено треба да се изврши и на едно девојче. Вчера беше извршена операција на колено на еден од повредените“, рече д-р Аргирова.
Таа рече дека еден од пациентите се наоѓа во тешок психички шок и дека со него е психолог.
Таа ги информира новинарите дека шест од пациентите се наоѓаат на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, а еден од пациентите е во Клиниката за трауматологија.
Д-р Аргирова потврди дека лекарите од болницата се во контакт со македонски колеги.