Еден од повредените патници: Жителите ми го спасија животот

by fokus

Абдулбахри Исмаили беше првиот пациент кој даде изјава, по трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 14 лица.

„Бев седнат напред во третиот ред и не сакам да зборувам за случувањето, затоа што имаше многу жртви. Многу брзо се случи се, ме извадија откако веќе автобусот беше долу ми се јавија по телефон, како си се случило несреќа? А мене ми беше чудно како толку брзо дознале. Жителите ми го спасија животот, тие ми помогнаа“, истакна Исмаили за ТВ 21.

Поврзани новости