Еден од осомничените во „Рекет“ за неколку дена потрошил околу 180 илјади евра од пленот

by Fokus

Непосредно по заминувањето со пленот од еден милион евра, еден од осомничените само за неколку дена во странство потрошил околу 180.000 евра. Се стега обрачот и околу други осомничени, објави Дојче Веле.

Според информациите на Дојче Веле, можно е наскоро и други лица да бидат опфатени во истрагата што се води за случајот „Рекет“. Имено, станува збор за соработници на еден од осомничените, а чии имиња биле посочени во некои од досегашните сведочења за случајот.

Засега нема одговор дали ова е можеби поврзано со исказот што пред една недела го дала пензионерката Лилјана Тодоровска, чија авторска идеја за изградба на Европски комплекс за возрасни лица била пласирана преку невладината организација „Меѓународен сојуз” на Бојан Јовановски.

Врз основа на договор со организацијата, на Тодоровска на банкарска сметка ѝ биле префрлени 720.000 евра, кои по подигањето веднаш ѝ биле одземени од лица соработници на Јовановски. Откако случајот „Рекет“ ја извади на виделина и оваа епизода, Тодоровска за медиумите изјавуваше дека е ограбена.

Поврзани новости