На денешното рочиште на судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се случи пресврт, откако еден од обвинетите, Влатко Кешишев, го смени исказот и го амнестира првообвинетиот Љупчо Палевски за двојното убиство, без да наведе кој го извршил убиството.
Тој рачно напишаната изјава ја доставил до судот без знаење на својот адвокат.
Кешишов во изјавата тврди дека Палевски, не бил со нив ниту на 22-ри ноември ниту на 27-ми, кога се случија грабнувањата и убиствата, туку спиел во штабот на пртијата „Десна“. Вели дека тој, Боре Видевски и Велибор Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје и дека Манев му вршел притисок да изјави дека Палевски е органзатор и извшрител на убиствата.
И неговиот адвокат, Игор Ефремов рече дека за неговата изјава дознал на судењето и дека не ја коментира содржината.
„ Не знам дали ракописот е негов, дали своеволно ја пишувал или не сакам да помислам дека е под некоја присилба или закана. Прво ќе разговарам со него и дополнително ќе ја коментирам, изјави адвокатот.