Еден од напаѓачите во Нов Зеланд се инспирирал од нападите врз босанските муслимани

by fokus

28-годишниот Брентон Тарант од Австралија е еден од напаѓачите кој отвори оган врз невини цивили во две џамии во Нов Зеланд. Пукал кон возразни и деца, соопшти полицијата.

Според последните информации убиени се 49 луѓе, но бројката може да расте. Повредени се дваесетина и сите се со прострелни рани. Во едната џамија биле убиени седум луѓе, а во другата 41.

Сведоци тврдат дека убиецот испукал над 50 куршуми. Освен него уапсени се уште двајца мажи и една жена.

Брајан Тарант изјавил дека инспирација му бил Норвежанецот, Андрес Бејвик, кој во 2011 година уби 77 лица во детскиот камп на норвешкиот островот Утоја. Тарант целиот масакр го стримал на социјалната мрежа Фејсбук, а подоцна и на Инстаграм. Најверојатно Тарант ја носел камерата на шлемот. Фејсбук подоцна ја отстрани спорната содржина.

Амбасадорот на БиХ во Австралија, Мирза Хајриќ, изјави дека Тарант е бел екстрмист и дека на оружјето со кое го изврши нападот имал антимуслимански и антиимиграциски пораки. На оружјето имало натписи и на руски, германски, бугарски и други јазици, од историски личности кои се бореле против Османлиската империја.

Според медиумите овој напаѓач како пример ги земал српските напади над босанските муслимани. На снимката која беше пренесувана во живо се слуша српска музика. Во песната се споменува името на Радован Караџиќ.

 

Поврзани новости