402
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва оствари голем резултат во Торино и одигра 1-1 со Италија. Натпреварот во најголемиот дел беше изедначен.
Италија прва поведе со голот на Кијелини во првото полувреме. Во второто полувреме Македонија ја презема иницијативата.
Тоа вроди со плод во 77 минута кога Александар Трајковски постигна гол по асистенција на нашиот капитен Пандев.