Еден од лидерите на Хамас: „Младите кои танцувале на фестивалот во Израел на напаѓачите им изгледале дека се војници“

by Fokus

Ги почитуваме сите меѓународни и морални закони, тврди високиот член на политбирото на Хамас, Муса Абу Марзук. Тој нагласи дека ништо што би рекол нема да биде оправдување.

Тој во интервју за „Економист“ вели дека нападот на младите луѓе на фестивалот во Израел, било случајност. Како што објаснува, луѓето кои танцувале на напаѓачите им личеле на војници кои биле на одмор. Во нападот на фестивалот, беа убиени најмалку 260 млади луѓе.

Марзук признава дека некои цивили се убиени, но тврди дека тоа е одговорност на Израел и вели дека тие „биле жртви пред нив“.

Тој рече дека голем дел од раководството на Хамас не знаел ништо за плановите за нападот. Марзук рече дека не бил информиран.

„Не, не го знаевме времето на нападот“, рече тој.

Марзук исто така ги негира медиумските извештаи дека Иран го дизајнирал или го помогнал планирањето на нападот.

„Иран нема никаква врска со оваа ситуација“, вели тој.

Како одговор на прашањето што сака да постигне Хамас, Марзук претстави список на израелски злодела: конфискација на земјиште, изградба на нелегални населби итн.

Поврзани новости