60
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари денеска потврди дека заменик-командантот на военото крило на палестинската милитантна група Хамас, Марван Иса, бил убиен во израелски воздушен напад во централниот дел на Појасот Газа на почетокот на овој месец.
Заедно со Иса, уште еден висок воен командант на Хамас, Гази Абу Там, беше убиен во напад на 10 март во Нусејрат, рече Хагари, според Тајмс оф Израел.
Претходно од Хамас беше соопштено дека е убиен Иса, како и неговиот заменик Мохамед Деифа, пренесува Танјуг.