Во моментот во Кривичниот суд на рочиштето за “27 април” се чита фејсбук комуникација на сведокот Антонио Кочков, со извесен Дејан Миланов.
Разговорот започнува еден месец пред насилниот упад во Собранието. Миланов речиси секој ден му испраќа идентична порака со која членството на ВМРО-ДПМНЕ се повикувало на протест.
“Почитувани, продолжува протестот За заедничка Македонија, за Македонија се работи. Збирно место пред Музејот на ВМРО. Се замолуваат сите за помасовно присуство!”
Потоа двајцата секојдневно го продолжувале разговорот за тоа дали ќе одат, но и за тоа во која насока се движат протестите.
Кочков на 5-ти април му пишува на Миланов:”Веќе дај или нека дадат пушки или нека не не дркаат веќе”.
Миланов:”Па на тоа иде”, а Кочков му враќа:” Па дај еднаш нека се решат”.
Наредниот ден Миланов пак му пишува на Кочков:”се мачиме брат, ситуацијата е врло напната”. Кочков го прашува што се случува, а Миланов му одговара:” Гледаш работата не е на арно. Ќе идеш ли денес?
Кочков му вели:”Брат не планирам, ама ако се пука да доаѓам?
Соговорникот пак му вели дека му кажале дека ако има мешто такво ќе ги известеле.
Потоа повторно коментират дека не може веќе така секој ден дана одат на протест и требало да се реши што ќе се прави.
На 9 април Кочков му пишува на Миланов:”Ако се влага во Собрание или ако има нешто посериозно врти ми одма брат”.
Кочков како сведок освен во овој случај сведочеше и за обидот за убиството на Села.
В.В.