374
Двајца градежни работници загинаа денеска додека работеле во Шипковица во Тетово. Според првичните информации животот го загубија А.А.(63) од тетовско Селце и Џ.Ц.(50) од Република Албанија.
-Денеска во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале. Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај“, информира Марјан Јосифоски, портпрол на СВР Тетово.
На местото на несреќниот случај присутни се и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат.