715
Во комисијата за новороденчиња е Каракамишева и уште двајца небитни. Трите понудени имиња од комисијата се: Николче, Николај и Нико. Одбираш Нико. Со тек на време син ти расте, пушта репче но има неуспешна кариера обидувајќи се да го глуми Нико 7 во истоимениот филм. Од срам го менува името во Никола. После тоа, животот веднаш му се менува и почнува да станува среќен. Името Никола гордо го носи со себе и секаде гласно го извикува. Затоа што Никола е среќно име кое било и ќе остане вечно и среќно за Македонија, име кое буди надеж и радост за сите генерации, име кое нашата грутка православна земја од бога дадена, дар подарена вечно ќе го слави и прославува.