Еден час за со кучето, два за до аптека добиваат невакцинираните на Сибир

by Fokus

Еден час за прошетка на кучето, два часа за да одат до аптека и четири часа за да присуствуваат на погреб имаат невакцинираните жители на округот Канти-Манси во Сибир, пишува Мондо.

Регионот кој се наоѓа на 2.700 километри од Москва прв воведе целосно затворање за невакцинираните кое ќе трае до 5 декември.

Граѓаните ќе можат на интернет да аплицираат за својот излез надвор од препорачаното време. Регионалниот кризен штаб исто така забрани културни и спортски настани и нареди сите ресторани кои не нудат храна за носење да бидат затворени од 22 до 06 часот од 22 ноември до 5 декември.

Инаку, Татарстан стана првата руска провинција која воведе QR код за пропусница во јавниот превоз, што доведе до долги одложувања, апсења, но и хоспитализација на кондуктери во автобусите.

Најновите регионални мерки за зголемување на вакцинацијата доаѓаат во време кога руските пратеници се тркаат за воведување пасоши за вакцини за во јавниот превоз, рестораните и во продавници кои продаваат продукти кои не се неопходни за живот со цел да се борат со длабоко вкоренетиот сомнеж за вакцините.

Се очекува рускиот парламент да го усвои QR-кодот на препораката, а тој ќе стапи на сила на 1 февруари и ќе трае до 1 јуни 2022 година.

Поврзани новости