Британскиот поп-музичар Ед Ширан вчера доби повеќе од милион евра отштета за правните трошоци по успешната битка против автори, кои го обвинија за плагијат.
Случајот во Високиот суд во Лондон го доби 31-годишниот музичар на почетокот на април, по процесот што тој го нарече индикатор за лоши практики што ја поткопуваат музичката индустрија.
Судот пресуди дека Ширан „ниту намерно ниту свесно“ ја копирал мелодијата на песната Зошто зошто од Сами Чокри и Рос О’Доногју од 2015 година во неговиот хит Shape of You, еден од најпродаваните во светот.
Во дополнителната пресуда, донесена вчера, судијата Антони Закароли пресуди дека тужителите мора да платат судски трошоци од 916.000 фунти.
За време на судењето, Ед Ширан ги отфрли тврдењата дека мелодијата ја „позајмил“ од непознати композитори, а нивниот адвокат, иако ја призна генијалноста на британскиот пејач, го нарече страчка, мислејќи на птица која често се нарекува крадец.