Жените кои раководат со малите бизниси во Северна Македонија ќе може да користат ЕУР 2 милиона кредит одобрен на ПроКредит Банка, долгорочен партнер на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија.
Кредитот е наменет за кредитирање на локалните бизниси управувани од жени. Истиот ќе помогне во намалување на родовиот јаз во пристапот кон финансирање и советодавни услуги и ќе ги поддржат жените да имаат поголема застапеност во економијата.
Петгодишниот кредит под Програмата за жени во бизнис на ЕБОР за Западен Балкан ќе придонесе кон поголема економска инклузија во земјата, помагајки го кредитирањето на компании управувани од жени.
Програмата за жени во бизнис ја комбинира техничката помош за локалните банки, со поддршка на жените предприемачи преку обука, советодавни проекти, менторство и други развојни деловни активности. Техничката помош на банките ќе се состои од обука на банкарите за работа со нови финансиски продукти, и помогање на локалните комерцијални банки за идентификување на финансиски можности.
Програмата во Северна Македонија е поддржана од Владата на Шведска преку Шведската меѓународна развојна агенција за соработка и Специјалниот акционерски фонд на ЕБОР. Дел од седствата ќе се користат како гараниција за намалување на ризиците на банките обврзани со кредитирањето на овој тип на бизнис.
Овој кредит доаѓа набрзо после поддршката која ЕБОР ја овозможи преку Програмата за млади во бизнис на ПроКредит Банка наменета за инкузивност на бизнисте водени од млади предприемачи.
Северна Македонија ја започна соработката со ЕБОР во 1993 година, и до денес има добиено кредити во износ од ЕУР 2,6 милијарди во 182 проекти, од кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката е да ја поддржува конкурентноста, зелената транзиција и натамошната интеграција во регионалните и глобалните пазари.