На 17 јули бизнисменот Сеад Кочан треба самиот да се пријави во затворот „Идризово“, каде што треба да одлежи затворска казна од 4 години и 8 месеци, казна која ја доби во случајот „Труст“.
Од Кривичниот суд информираат дека осудениот го примил упатниот акт за во затвор.
-По барање на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, изготви и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор.
Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа, велат од Кривичниот суд.