Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија во градските подрачја живородени се 10171 дете или 60.8 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6566 или 39.2 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 40.3 %, а најмало Источниот Регион со 5.8 %.
Во градските подрачја умреле 12724 лица или 63.0 %, а 7463 лица или 37.0 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.4 %, а најмало Североисточниот Регион со 8.0 %.
Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја изнесува 17, додека во селските подрачја 13 доенчиња.
Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја изнесува -2553 лица, a во селските подрачја -897 лица.
Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 6986 или 55.1 %, наспроти 5686 бракови или 44.9 % во селските подрачја. Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1090 или 61.8 %, додека во селските подрачја има 675 разводи или 38.2 % од вкупниот број разводи.
Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 42.7 % имаат преселбите од село во град, а Југозападниот регион има најголемо учество со 44%. Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 53.4 %, наспроти меѓуградските со учество од 1.8 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 1508 лица, а најмало во Југозападниот Регион, односно -403 лица.
О.К.