ДЗС предупредува: Поради обилните врнежи можни се локални излевања

by Фокус

По најавите од Управата за хидрометеролошки работи за обилни врнежи во текот на наредните денови, Дирекцијата за заштита и спасување одржа вонреден работен состанок и го активира Оперативното тело за справување. Според ДЗС, доколку врнежите паднат за краток период на помали сливни површини, можна е појава на локални излевања.

„Апелираме на внимателно движење покрај водотеците и суводолниците, во крајниот запад, југо-запад и северо-запад, каде постои можност од локални излевања и можна појава на свлечишта и одрони, особено на патниот правец Маврово-Дебар-Струга. Покрај овие региони, за особена внимателност од можна појава на локални излевања ги посочуваме сливовите околу планината Кожув и Гевгелиско-Валандовскиот крај“, наведуваат од Дирекцијата.

Поврзани новости