564
Државниот завод за статистика објави дека во учебната 2015/2016 година се намалил бројот на ученици во споредба со претходните години.
Според ДСЗ, бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на учебната 2015/2016 година изнесувал 185.119 и забележува пад од 1,7 отсто во однос на претходната учебна година.
Во редовните средни училишта, пак, статистиката покажува дека бројот на ученици на крајот на учебната 2015/2016 година изнесувал 77.625 што претставува намалување за 5,1 отсто во однос на претходната учебна година.