638
Во наредните две недели, Инфективната клиника ќе се дезинфицира, за да се искористи моментот дека има мал број на заразени со ковид 19, вели за Фокус министерот за здравство Беким Сали.
–Поради намалениот притисок од ковид-пациенти, во наредните 2 недели целосно ќе се дезинфицира и кречи Клиниката– појаснува Сали.
Тројцата пациенти кои во моментов се таму ќе бидат на кратко префрлени во болницата 8-ми септември, а сите останати кои ќе имаат потреба од инфектолозите, ќе бидат пренасочени во 8-ми септември.
И.М.