Двонеделен целосен карантин во Солун и Серес

by fokus

Во грчките градови Солун и Серес, од утре наутро се воведува целосен карантин, со дозволено движење за граѓаните само со испратена смс порака, полициски час од 21 до пет часот наутро, забрана за меѓународни и домашни летови, а единствено отворени ќе бидат само училиштата, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите мерки ќе бидат во сила следните две седмици, а денеска ги соопшти владиниот портпарол Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, кој рече дека ситуацијата во Солун и во одредени други региони, е „особено сериозна за јавното здравје“.

Поврзани новости