Двојно убиство во Славонски Брод – синот ги убил таткото и мајката

by Fokus

Страшна трагедија се случила во Славонски Брод во Хрватска каде, според неофицијални информации, син (45) си ги убил таткото (76) и мајката (78), дознава „Индекс“.

Соседите велат дека се во шок.

Соседите на убиената брачна двојка велат дека тие имале многу тежок живот.

„Тие беа добри луѓе, чесно семејство, толку фини што немам зборови“, велат шокираните соседи во телефонски разговор за „Јутарњи“.

„Имаа два сина, постариот се пресели во Истра и се ожени и доби дете, но почина. Овој помалиот син до пред неколку години работеше во Франција, а потоа се врати во Брод и купи куќа на истата улица како родителите“, рекоа соседите.

Друг сосед вели дека штом ја виделе полицијата сфатиле што се случило.

„Се гледаше дека беше слаб со нервите во последните неколку години. Цел ден возеше велосипед и стана многу неуреден. Не знам што точно му се случи” – рекол соседот.

Поврзани новости