Двојно убиство во Прилеп: Со пиштол ги застрелал сопругата и нејзината мајка

by fokus

Двојно убиство утринава во осум часот се случи во Прилеп. Педесетгодишен прилепчанец со пиштол ги убил својата сопруга и нејзината мајка, а осомничениот за убиството и братот на неговата сопруга се повредени и хоспитализирани во болница.

Неговата сопруга била на возраст од 41 година, а нејзината мјака на возраст од 63 години. На местото на убиството, во куќа на улицата „Александар Македонски“ се врши увид по наредба на Обвинителството, од каде соопштуваат дека убиецот и неговата сопруга имале брачни проблеми.

-Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош.

Во насока на расчистување на кривично правниот настан , по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга, соопштуваат од Обвинителството.

Поврзани новости