Заврши лидерската средба за одржување на изборите напролет.
Партиите од власта и опозицијата договорија изборите да се одржат на крајот на април или почетокот на мај.
– Задолен сум што конечно ќе имаме редовни парламентарни избори од 2006 година. Мораме да внимаваме и на верските празници. Предложив првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.Техничката влада ќе се формира на 28 јануари – порача премиерот Ковачевски.
Тој истакна дека уставните измени остануваат обврска на следниот парламентарен состав.
Тој кажа дека 100 дена пред избори или на 28 јануари ќе се формира техничка влада и дека ќе биде испочитуван договорот премиерот да биде од редовите на ДУИ.
Според Ковачевски, на лидерската средба имало исто така и исклучително широк консензус за забелешките за изборното законодавство односно Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Ковачевски исто така информираше дека Извршниот комитет на СДСМ синоќа донел одлука за формирање Европски фронт и за избор на кандидат за претседателски избори.