Плумб Вела – в.д. директорот на тетовската Клиничка болница поднесе оставка поради лични причини. Тој на оваа функција беше од 28 март годинава, како кадар на владејачката партија Алијанса за Албанците.
„Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, поднесов оставка до седиштето на Алијансата за Албанците и од функцијата шеф на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово. Благодарен сум на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на Алијанса за Албанците за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите вас тетовци и активисти на Алијансата за Албанците, од се срце ви благодарам за континуираната поддршка. Мојот придонес ќе продолжи како едноставен активист на Алијансата за Албанците“ – порача Вела.