1.4K
Во скопската Зоолошка градина после долго време пристигаат камили. Директорот Ѓорѓи Галетановски вели дека летово ќе има уште нови животни.
-После долго време посетителите ќе можат да видат двогрби камили. Тие се од видот бактриан и ни доаѓаат од Чешка и Словенија. Моментално го подготвуваме нивното живеалиште бидејќи во текот на јули треба да пристигнат, вели Галетановски.