Во седиштето на НАТО во Брисел денеска почнува дводневен состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана.
На состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а ќе започне со работна вечера, на која се поканети партнерите Финска, Грузија, Шведска, Украина и Европската Унија. Оваа седница нема да биде отворена за медиумите.
Во Брисел исто така ќе се одржи посебен состанок на Контакт групата за Украина, чиј домаќин се Соединетите држави, односно американскиот секретар за одбрана Лојд Остин кој изјави дека ќе се разговара за тековната криза во Украина по неиспровоцираната инвазија на Русија.
Првиот состанок на групата, која вклучува повеќе од 40 земји, се одржа во воздухопловната база Рамштајн во Германија на 26 април, а вториот на 23 мај.