Движењето „Европа сега“ освои најмногу гласови на изборите во Црна Гора

by fokus

Вонредните парламентарни избори во Црна Гора се одржаа денеска со неочекувано слаба излезност, додека гласачките места беа затворени во 20 часот. На изборите учествуваа 15 листи, а право на глас имаа 542.468 граѓани.

Движењето Европа сега, од каде доаѓа и новиот претседател Јаков Милатовиќ освои 26 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ).

Коалицијата „Заедно“ (ДПС-СД-ЛП-ДУА) освои 23 отсто, „За иднината на Црна Гора“ (НСД-ДНП) 15,1, коалицијата „Храбро се броји“ (Демократи-УРА) 13 отсто.

Бошњачката партија има 6,8 отсто.

Под цензусот се Социјалдемократската партија (СДП) со 2,9, СНП и Демос со 2,8 и Правда за свет со 2,7 отсто. Албанскиот форум има 1,7 отсто

Излезноста е 56,4 отсто.

Поврзани новости