Движењето БЕСА: ДУИ, СДСМ – криминалот и корупцијата се при крај

by Fokus

„Северна Македонија се движи кон иднината со целосна надеж, достоинство и стабилност. Вчера во Собранието оставки поднесоа челниците на криминалот и корупцијата во земјава. Ова е само почетокот на крајот на криминалот на ДУИ и СДСМ кои четири години произведуваа само казина, обложувалници, тендери за семејства, уништување на образованието, неуспех во економскиот развој и губење на надежта“ соопштуваат од Движењето БЕСА.

Оттаму велат „оваа Влада ќе остане запаметена по Соравија, развојот на коцкањето, збогатувањето со парите граѓаните, ја збогатија фирмите на сопругата на премиерот, децата и внуците на Али Ахмети, развојот на српскиот и рускиот бизнис во земјава, како и неуспехот за евроинтеграците“.

„Овие криминални постапки на власта придонесоа за обединување на албанскиот опозициски фронт и обединување на силите на сите граѓани кои се против деструктивните политики во овие две децении. 8 мај доаѓа и граѓаните ќе одлучат за една иднина полна со достоинство и сигурна европска иднина“ стои во соопштението.

 

Поврзани новости