Движење за демократија права и слобода, нова политичка партија

by Fokus

На основачкото собрание во Битола, за претседател на ДПС е избран граѓанскиот активист Един Јакуповиќ
Движење за демократија права и слобода (ДПС) e новата партија на политичката сцена во земјава, која пред неколку дена одржа основачко спбрание во Битола.

На основачкото собрание, за претседател на ДПС е избран граѓанскиот активист Един Јакуповиќ.

Како што соопштуваат од новата партија, во членството на ДПС, главно, има без претходен политички ангажман, кои, како што се наведува, ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела.

Развој и просперитет на независна и суверена Република Северна Македонија, членство во ЕУ, градење граѓанско, демократско, плуралистичко општество, во кое ќе сe почитуваат човековите права и ќе владее правото и правната држава, почитување на културата и специфичностите на граѓаните, нивните еднакви права и одговорности, почитување на верските слободи и правото на слободен избор на вероисповест., рамноправност меѓу половите и заедниците, заштита на правата на медиумите… се некои од програмските определби на новата партија, како што соопштија нејзините основачи.

 

Поврзани новости