По повод првиот ден од новата учебна година, Движење Беса на Биљал Касами упати честитка до сите ученици и средношколци за успешен старт на годината.
„Во мое име и во име на Движење Беса имам посебно задоволство на сите ученици, наставен кадар и родители со голема почит да им го честитам почетокот на новата учебна година 2018/2019, со надеж дека оваа година ќе донесе заеднички успеси за целото општество.
Училиштето е место каде треба да се спремаат и образоваат граѓани кои ќе бидат способни да се справаат со животните предизвици.
Посебни честитки за сите првачиња! Тие остануваат најубавиот предизвик кој му даваат живот и љубов на училниците. На сите ученици им посакувам многу успех и да бидат важни протагонисти во школскиот живот! Посакувам учениците да се придобијат со што повеќе способности, позивитет, образување, соработка, толеранција, бидејќи сега ги поставувате темелите за остварување на вашите соништа.
Посакувам наставните работници во овие тешки времиња да не бидат демотивирани во постигнувањата на нивните цели,бидејќи успехот и обликувањето на учениците се развива преку нивно влијание и со подршка на родителите. Со нивната волја и сериозност биле најпосветените заштитници на образовните и општествените вредности, спремајќи и оспособувајќи ги младите да го разберат знаењето, со цел тоа да го трансформираат во животна способност.
Движењето Беса се надева дека училишната инфраструктура која се повеќе уништена, недостигот на школските книги, книги со текстови со навредувачка содржина кон албанците кои потикнуваат нетолеранција, омраза и дискриминација ќе ги снема што по скоро и ќе бидат дел од минатото.
Успех и просперитет во учебната година 2018/2019!“, велат од Беса на Касами.