562
Со почеток во 11 часот во Жена Парк,утре ќе се одржи пресконференција на која јавноста ќе биде запознаена со формирањето на новата политичка партија „ЛЕВИЦА“ и со деталите околу собирањето потписи за регистрација.
Новата партија е формирана од левичарските активисти, од движењата „Ленка“ и „Солидарност“, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичари.
Како што велат од новата партија, тие ќе се залагаат за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и против меѓуетничките бариери и национализмот.