903
Двете девојчиња од Струмица кои се загубија денеска во Скопје во 15:50 часот, вечерва се пронајдени. Тоа го сподели на Фејсбук мајката на едно од девојчињата.
На прашање каде биле пронајдени, таа кусо одговори дека биле најдени во Кисела Вода.
Двете девојчиња од село Петралинци, Струмица, денеска исчезнаа во Скопје. Станува збор за Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14), кои заминале во Скопје на школска екскурзија.
Последно биле видени кај Веро Џамбо, забележани се на видео снимки од безбедносните камери, и по нив се трагаше од околу 16 часот.