661
Откако на листата на Институтот за јавно здравје беше наведена возраста на сите заболени од корона вирус, министерот за здравство Венко Филипче потврди дека најмладиот заболен пациент е на возраст од две години.
Детето било од Скопје, а заразени биле и неговите родители преку локална трансмисија со претходно веќе заразени лица. Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.
Во деталниот дневен извештај на Институтот за јавно здравје, пишува дека „возраста на заболените се движи од 2 до 91 година (просек 42,2 години), а најголемиот број заболени (23 проценти) се на возраст од 30 до 39 години“.