Двегодишно дете починало откако врз него паднал преградниот ѕид во семејната куќа, информираа од МВР.
Според полицијата, околу 09.30 часот во с. Десово–прилепско, во дворот од семејната куќа на А.Ф., двегодишното дете Х.Ф. влегло во помошен објект во изградба, при што од засега непознати причини врз него паднал преградниот ѕид. Таткото А.Ф. и неговите браќа Е.Ф и Ш.Ф. го извадиле детето од урнатините и со сопствено возило тргнале кон Прилеп, за да му се укаже медицинска помош. Попатно, на влезот во градот пресретнале возило на Итна медицинска помош, побарале интервенција, но екипата на Итна медицинска помош констатирала смрт кај детето. Заедно со персоналот на Итна медицинска помош, детето е вратено во с. Десово, каде увид извршила екипа од надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп.
Со одобрение на Јавен обвинител , телото е предадено на семејството.