Двегодишно дете синоќа починало на Детската клиника во Скопје, каде било сместено повеќе од еден месец, информираа од болницата.
Во текот на вчерашниот ден неговата состојба нагло се влошила и било префрлено Одделот за Интензивна нега и терапија, но сите обиди за реанимација останале без успех.
– Пациентот Ј.Ц , роден 2015 година е примен на Клиниката на 7 јануари во тешка состојба, со покачена телесна температура и наод кој одговара на акутна бронхопневмонија. Пациентот е хоспитализиран на Одделот за пулмологија од каде во неколку наврати поради влошување на состојбата бил лекуван и на Одделот за Интензивна нега и терапија. Лабораториски за време на престојот е докажана инфлуенца Б“ – соопштија од Клиниката за детски болести.
Детенцето имало Даунов синдром, по раѓањето му било дијагностицирано хипотиреоза, кај кој по раѓањето е дијагностицирана хипотиреоза и Вест синдром – тешко неврололошко нарушување кое предизвикува епилептични напади поради кои пациентот прима редовна антиепилептична терапија.