398
МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот во СВР Скопје, Е.П.(61) од Скопје пријавила дека околу 16.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит.
Неколку часа подоцна, во 20.10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(20) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.