Четири различни физички пресметки имало во Скопје, а најмасовната била пред угостителски објект во Центар, каде се пресметале осум лица.
„Денеска (01.01.2024) во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.В.(20), Д.В.(22) и Н.Ѓ.(20) сите од Скопје од една страна и П.А.(19), Б.Б.(20), Б.М.(19), Д.К.(18), А.П.(20) сите од Свети Николе од друга страна“, велат од МВР.
Во билтенот е заведен настан дека маж ја нападнал својата партнерка.
„Денеска (01.01.2024) во 00.50 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје, поради тоа што на 31.12.2023 физички ја нападнал неговата 36- годишна поранешна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.
Партнер натепал партнерка и во ресторан во Илинден.
„Денеска (01.01.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје, 39- годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во н.Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н.(38) од Скопје“, велат од МВР.
Маж, пак, бил натепан на Бит Пазар.
„Денеска (01.01.2024) во 05.15 часот во СВР Скопје Е.Д.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар физички бил нападнат од Б.А“, се вели до билтенот на МВР.