Две жени нападнати од сопрузите, ќе следуваат пријави

by Fokus

МВР информира дека денеска рано наутро, во 01.45 часот во СВР Скопје, 39 – годишна жена пријавила дека во семејниот дом во скопско село, нејзиниот сопруг И.П.(45) физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка, по што ѝ се заканил со пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Неколку часа претходно, во 19.30 часот во СВР Скопје, 44 – годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош физички била нападната од нејзиниот сопруг Д.Н..
По целосно документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости