На Клиниката за Токсикологија за време на велигденските празнувања се јавиле девет пациенти кои побарале лекарска помош поради прекумерна количина на алкохол. Од нив две биле жени, а седум мажи. Најмал од нив е 20-годишно момче, велат од Клиниката.
Ова е во просек мирен викенд за Клиниката со оглед на тоа што нема компликации поради прејадување со мрсна храна по велигденските пости.
Од Итната медицинска помош велат дека во изминатите 48 часа имале 80 интервенции. Еден од овие случаи бил поради алкохолизиран странски државјанин пред хотел Мериот. Втор сличен повик имале пред Соборен храм каде интервенирале поради алкохолизирано лице кое агресивно се однесувало. Брзата помош имала и 5 повици за сообраќајни несреќи од кои сите се со полесни последици, освен случајот на Пластичарска каде беше повредена млада девојка.