Две жени ги пријавиле мажите за семејно насилство

by valentina 22:03
22:03

Синоќа, по полноќ, две жени ги пријавиле своите мажи за семејно насилство. Едната жена е од Струмица, а втората од Македонска Каменица.

-Ноќеска (11.10.2026) во 01:10 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 38-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 28-годишна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.10.2026 во 00:50 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Б.С.(36) од Општина Македонска Каменица, по пријавен физички напад од неговата 30-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични вести