654
Две третини од луѓето во Британија, кои неодамна се заразиле со сојот омикрон, веќе биле позитивни на коронавирус, покажуваат резултатите од најновото британско истражување.
Речиси двајца од секој трет испитаник кои биле позитивни на тестот за Ковид-19, пријавиле дека претходно прележале коронавирус, според студијата на REACT, пишува „Гардијан“.
– Меѓу 3.582 лица со позитивен тест, 2.315 (64,6 проценти) пријавиле претходна инфекција со Ковид-19, се наведува во студијата.
Утврдено е дека ризикот од инфекција се зголемува кај луѓето кои живеат во големи домаќинства, во споредба со домаќинствата со едно лице.
Истражувачкиот тим на REACT тестираше 1.000 волонтери низ Англија.