349
Ρечиси седум од десет Грци не се согласуваат терминот Македонија да биде вклучен во името.
Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија. Позитивен одговор дале само 23.6 проценти од анкетираните .
Од оние кои одговориле негативно на прашањето за терминот Македонија, според резултатите, 63 отсто се гласачи на владејачката СИРИЗА, а слична е климата и кај оние кои на изборите во 2015 гласале за опозициската Нова демократија, со оглед дека 67 отсто од нив се против зборот „Македонија“.