Поп пејачката Викторија Лоба (34) се омажи со бизнисменот Ѓорѓи Калешов, со кого се сврши пред три години. Венчавката се одржала во црквата Свети Канео во Охрид, а пејачката објави фотографии од настанот и од забавата по црковната венчавка, која се случувала во летна бавча на ресторан.
Во Охрид пред два месеци се омажи и нејзината мајка Татјана Луговаја, а венчавката се одржа во црквата Света Софија. Лоба е по потекло од Русија.
Таа се преселила во Македонија заедно со мајка и кога имала осум години.
Како што во постаро интервју за ,,Фокус” раскажуваше, причината поради која дошле во Македонија била професионален ангажман на мајка и.
Пред четири години пак, Лоба доби македонско државјанство.
-Голема чест ми е што добив државјанство и што станав граѓанин на Македонија. Ова е земјата во која што јас планирам да го поминам животот, да творам, да придонесувам.
Поднесов барање за добивање на државјанство, и среќна сум што ми беше одобрено. Драго ми е што по 21 година живот во Македонија, добив и државјанство- ни изјави таа во јануари 2018 година, кога Владата и го одобри државјанството.
Вики Клинчарова