325
Министерството за внатрешни работи во последниот период регистрира се повеќе случаи на семејно насилство, како и напади врз жени од страна на нивните партнери.
Вчера (20.09.2023) во 00.30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.09.2023 околу 20.30 часот на подрачјето на Бит-пазар била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.А.(38) од Скопје.
На 19.09.2023 во 20.20 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека во домот во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.А., кој ѝ се заканил и со остар предмет.
Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.