Две сестри ги изгубија своите сопрузи-музичари во пожарот: И гитаристот на ДНК е помеѓу загинатите

by fokus

Штипскиот гитарист Александар Коларов, кој настапуваше со ДНК е помеѓу загинатите во пожарот во Кочани.
И штипскиот музичар Филип Стевановски исто така е помеѓу 59-те загинати лица, а сопругите на Александар и Филип се сестри.

Ирена Крстевска Стевановска, сопругата на Филип, исто така е дел од музичкиот свет и беше вокалистка во неговиот ФИС Бенд.
Нејзината сестра Маја Крстевска, сопруга на Александар пак, е професорка.

Клубот Пулс во кој се случи трагедијата немал легална лиценца, кажа денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости